Престрелка во Париз: Повредени се двајца полицајци и напаѓачот

од Илинка Илиоска

Во инцидент во полициската станица во 13-тиот округ на Париз, двајца полицајци беа ранети за време на престрелка. Осомничениот, кој претходно бил уапсен поради напад со нож, успеал да одземе оружје од полицаецот. Началникот на полицијата, Лорен Нунес, потврди дека напаѓачот бил приведен во станицата кога се случила престрелката.

– Полицијата интервенираше и го донесе овде (во полициската станица), а тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот – изјавил началникот на полицијата Лорен Нунес Обвинителството соопштило дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува Монд.

Според обвинителството, еден од полицајците е сериозно повреден. Откако полицијата одговорила на нападот, напаѓачот бил повреден и пренесен во болница , но неговиот живот не е во опасност

 

Слични содржини