Пожар избувнал во вила во Њу Орлеанс, а се верува дека споменатиот имот е во сопственост на славната двојка Бијонсе и Џеј Зи.
Државните записи во Луизијана покажуваат дека сопственикот на имотот е поврзан со Parkwood Entertainment, чиј основач е Бијонсе, пишува „New York Post“.
По истрагата беше објавено дека пожарот е класифициран како подметнат. Полицијата примила пријава за сомнително лице на споменатиот имот приближно во моментот кога избувнал пожарот. Куќата во тоа време била празна.
Противпожарната служба открила дека пожарот започнал во кујната каде што биле пронајдени книги и хартии во рерната. Во извештајот се наведува и дека во куќата е пронајдена лименка за бензин. Дури 22 лица го гаснеле пожарот.
Вредноста на вилата е околу 2,4 милиони долари.