54
Голем пожар зафати земјоделско земјиште кај селото Ложани, во општина Струга, информираше денеска СВР Охрид. Според информациите, зафатени се околу 20.000 метри квадратни посеви со пченица, јачмен и со други земјоделски култури.
Пожарот избувнал на вчера околу 13:13 часот, а местото на настанот било сопственост на повеќе жители од селото.
За време на интервенцијата на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Струга, тројца добиле респираторни проблеми поради вдишување чад. Тие биле пренесени и задржани на лекување во Општата болница во Струга.
Пожарот бил целосно изгаснат, а причините за неговото избувнување се сѐ уште непознати.