Пожарот во Јариља во покраината Касерес, кој се прошири на повеќе од 16.000 хектари, останува во фокусот на напорите на пожарникарите, но силните ветрови го отежнуваат гаснењето на пожарот во регионот.
Градот Ла Гарганта, со околу 400 жители, е ставен во состојба на тревога за евакуација, додека некои изолирани куќи во Хервас веќе се евакуирани, објави весникот „Ел Паис“.
Во покраината Леон, зголемената влажност и дождот го олеснуваат гаснењето на пожарот, но речиси 2.000 луѓе сè уште се евакуираат од 31 град.