Пожарите во Македонија се гасат само со домашни летала, странските ја напуштија државата

од Nikola Popovski
957 прегледи

Од странските воздухоплови кои активно помагаа во гасењето на пожарите во државата, присутен е само црногорскиот хеликоптер кој што покажал некаков дефект и поради тоа во моментот се врши негово сервисирање. Ова денеска го обелодени првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов на последниот пресек во однос на пожарите во Македонија.

Според Ангелов, доколку биде успешно сервисирањето, хеликоптерот од Црна Гора уште денес ќе продолжи да дејствува.

Во моментов се потпираме само на нашите сили – два ер-трактори на ДЗС, два армиски хеликоптери и два полициски хеликоптери.

Сите странски летала, со исклучок на црногорскиот хеликоптер, веќе ја напуштија Македонија поради пожарите во нивните држави.

Слични содржини