Пожарите во Шпанија однесоа уште една жртва

од desk2
12 прегледи

Маж на возраст од 37 години што учествувал во гаснењето на пожарите на отворено во Самора и Леон во Шпанија, починал во болница, јавија шпанските медиуми.

Тој со тешки изгореници – 85% од површината на телото – во вторникот бил пренесен в болница во Леон, од каде подоцна е префрлен во Ваљадолид, поради тежината на повредите.

Тој е третата жртва на пожарите на отворено во Шпанија ова лето.

Во земјата дивеат неколку пожари, поради што денеска од ЕУ во помош на Шпанија ѝ беа испратени два противпожари авиони.

Истовремено, над 2.600 луѓе што беа евакуирани од осум населени места во провинцијата Леон денеска се вратиле во своите домови. Други 1.000 жители евакуирани од 8 града во автономната област Кастиља и Леон исто така се вратиле дома.

Најмалку 11 пата се затворени, а движењето на брзите возови на линијата Мадрид – Галисија уште е во прекин.

Слични содржини