Пожарите во Трубарево, Вардариште и Дрисла се обид за убиство, велат од ДОМ

„Кога чадот ги труе белите дробови на децата, кога цели населби се задушуваат, тоа не е „општа опасност" – тоа е обид за убиство“

од Vladimir Zorba
60 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/О2 Иницијатива

Зелената партија ДОМ остро реагира на денешниот пожар во скопското село Трубарево, кој е уште еден доказ дека државата дозволува екоцид врз своите граѓани и граѓанки.

„Очигледно дека не станува збор за изолиран настан – претходно гореа депониите Вардариште и Дрисла.
Секој ваков пожар е директна закана по животот и здравјето на луѓето, а институциите остануваат неми и без одговорност.

ДОМ како дел од „Коалицијата за зелена иднина” порачува дека дојде моментот да се престане со полупразни изјави и симболични реакции на институциите. Кога чадот ги труе белите дробови на децата, кога цели населби се задушуваат, тоа не е „општа опасност” – тоа е обид за убиство.

Затоа, ги повикуваме сите пратеници во Собранието – од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ВЛЕН и сите други политички партии – веднаш да се обединат и да подготват итни измени на Кривичниот законик со кои подметнувањето пожар ќе биде јасно утврдено како кривично дело што ќе се третира како обид за убиство“, велат од ДОМ.