Пожарната на Лондон очекува бум на повиците заради “50 нијанси сива”

од Vladimir Zorba
111 прегледи

“Филмот 50 нијанси сива” може да доведе до незгодни ситуации во текот на викендот.0af8ba14f7c3d38b48b48bf5afdc850f

Противпожарната служба во Лондон соопшти дека очекува зголемен број сигнали по премиерата на филмот. Таа ги сподели стравувањата дека по проекцијата на филмот на 14 февруари ќе има бум на заглавените во лисици.

Од април 2014 година до сега пожарникарите реагираа на 393 сигналот. Од противпожарната ги советуваат луѓето со разум да  го користат телефонот 999 само за навистина итни случаи.

„Ефектот “50 нијанси “доведува до бум во инцидентите со лисици, па се надеваме дека луѓето кои го гледаат, ќе пројават здрав разум, за да се поштедат од резил. Ги потсетуваам сите дека 999 е итен телефон и треба да се користи само како таков “, изјави Дејв Браун од Лондонската противпожарна.

Противпожарната ги чини даночните обврзници во просек 295 фунти секој пат кога ќе ја повикаат за несоодветен инцидент што се случува речиси секој ден. Во ноември пожарникарите во Лондон биле повикани од страна на лекарите во Кинг`с колеџот за да отстранат два метали прстенот од половиот орган на маж, кој не можел да ги симне во текот на 3 дена.