293
Поранешниот командир на скопската противпожарната бригада, Владимир Кочовски побара најитно да се донесе Закон за пожарникарство. Тој порача дека „одамна треба да го добијат тоа што им следува“.
-Само минатата недела починаа четворица пожарникари. Во изминатите две години 12 пожарникари. Дел не ја дочекаа пензијата, дел неполна година по одење во пензија. Законот за пожарникарство е отворен. Ајде да го затвориме онака како што треба. Треба само волја и ништо повеќе, посочи Кочовски.
Тој истакна дека пожарникарите го изгубија стекнатото право да одат во пензија единствено по основ на остварен бенифициран стаж од 40 години, како што тоа го добија полицијата, војската, рударите, Танец…