Пожарникар сведочи за страшната несреќа во Тетово: Ми пукна боца под колено

од Берта Китинска
287 прегледи

Електричната енергија не беше исклучена, кислородот не беше исклучен и не можеше да се влезе, се гасеше под голем ризик, вели Игор Симовски е еден од двајцата повредени пожарникари од тетовската територијална противпожарна единица кој учествувал при гаснењето на пожарот во модуларната болница кој се случи во средата.

– Можеше да настрада и некој пожарникар од струен удар, имаше детонации од боци, мене ми пукна боца под колено. Фала му на Господ со опрема стара 20 години ме спаси, кај нозете. Ме однесоа до хирургија, примив помош и инфузија. Сега сум добро. Еден колега при пад има истегнување на лигамент. Морам да ја потенцирам големата храброст на колегите што беа на работа, бидејќи знаеја какви услови и каква опасност има внатре. Иако сите знаеја дека струјата не е исклучена – уште кога дојдовме почнаа да пукаат жиците, пукаше и саатот, продолжија со работа да се изгасне огнот, изјави Симовски за МИА.

Тој објасни дека пожарникарите се соочиле со висока температура на огнот поради присуство на кислородот.

Слични содржини