Пожарникари отстраниле опасност од истечен хлор во филтер станица

од Nikola Popovski
253 прегледи

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 920 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 47,40%, а 52,60% за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 71,20%, кон Итната медицинска помош 23,20%, а кон пожарникарите 3,60%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, 1 046 повици за итни случаи на 112 во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2% и на 52,60% именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање со повеќе ангажирани институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.

Имало седум пожари на отворено во последното деноноќие. Конкретно, Регионалните ЦУК Скопје и Битола информираат за по два, РЦУК Охрид, РЦУК Штип и РЦУК Куманово за по еден изгаснат пожар на отворено.

-Информираме за ретка, но сепак опасна ситуација при што е отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица. Конкретно, РЦУК Штип, информира дека пожарникарите од ТППЕ Виница вчера од 08:00 до 11:00 часот, имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 kg во филтер станицата. Интервенирале со две возила, четири пожарникари и четири други лица. Нема повредени лица, но на вработените во филтер станицата во Виница им е даден кислород, заради можност од вдишување на отровниот гас, стои во соопштението.

ЦУК информира дека потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Слични содржини