Пожарникари спречиле експлозија на цистерна во близина на бензиска пумпа

од Nikola Popovski
270 прегледи

Пожарникари изгасиле цистерна која се запалила на автопатот Велес – Градско во близина на бензиската пумпа „Дади Компани“.

-На ден 09.04.2024 во 09:08 примена е дојава за запален шлепер цистерна на автопатот Велес – Градско во близина на бензинската Дади Компани. Територијалната противпожарна единица Велес излезе на лице место со 2 пп возила и 5 пожарникари спасители, информираат од ТППЕ-Велес.

По пристигнување на лице место, пристапено е со гасење на пожарот брзото пристигнување и брзата интервенција спречено е пожарот да предизвика експлозија на цистерната.

Оттаму апелираат доколку граѓаните забележат пожар веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.

Слични содржини