Независниот синдикат на државна администрација и членовите на Синдикатот на пожарникарите на Македонија денеска имаа средба во Владата со цел запознавање на премиерот за состојбите во противпожарниот систем.
-Бевме примени и од директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Наша заложба како синдикат е централизирање на единиците за противпожарна заштита во едно тело, регулирање на платите, иста вредност на бодовите и ист вредност на висина на бодот. Го информиравме советникот за одбрана на премиерот дека претходната одлука донесена од претседателот на техничката Влада, Оливер Спасовски, каде стои дека за секој припадник на територијална противпожарна единица (ТППЕ) преземен од МВР да биде обесштетен со 60 илјади денари, кажа Горан Ристески, претседател на гранскиот Независен синдикат.
Според него, само градоначалникот на Куманово ја испочитувал оваа одлука и тие пари се дадени како дел од плата за припадниците ТППЕ Куманово.
-Ние пробуваме ова да го решиме институционално. Не се решава се со протести, но доколку и понатаму нема решение и разбирање од локалната и централната власт, ќе мораме да излеземе на протести. Ќе бидеме принудени, со цел не да го свртиме само вниманието, туку и да ги натераме институциите во државата да почнат да работат, рече тој, додаде Ристески.