Пожарникар, кој и направил масажа на срцето на принцезата Дијана по ужасната несреќа во Париз, раскажува за последните мигови од нејзиниот живот.
“Оваа ноќ засекогаш ќе остане со мене”, вели пожарникар.

Серж Ксавиер Гурмелон, сега на 50 години, признава дека бил сигурен дека принцезата на Велс ќе преживее откако тој откако и укажал прва помош во тунелот во несреќата на 31 август 1997-ма. Тој беше одговорен за тимот обучен за да обезбеди медицинска нега.
Тој ја извлекол 36-годишната принцеза од автомобилот и почнал да и прави масажа на срцето. Тој мислеше дека ќе преживее. “Автомобилот беше потполно смачкан. Жената што ја забележав подоцна беше на подот во задниот дел. Таа беше жива.
Имаше мала рана на нејзиното рамо, но ништо друго не беше забележано. Ја држев, и реков да биде мирна. Таа ме праша: “Боже, што се случило?” Колку што знам, во амбулантното возила таа била жива. Таа почина подоцна во болница “, вели човекот.