Пожарот на планината Серта се движи кон Криволак: Ангелов вели на терен се бројни сили

од Илинка Илиоска
77 прегледи

Во моментов се активни 7 пожари на отворено, соопшти на денес Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во текот на вчерашното деноноќие беа активни 21 пожар од кои 14 се изгасени. Од ЦУК информираат дека врз седумте активни пожари од рано изутрина се дејствува и со воздухопловна поддршка.

Владата доцна синоќа на седница донесе одлука за постоење на кризна состојба во времетраење од 30 дена. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов утрово изјави дека по владината одлука во гасењето на пожарот на планината Серта се вклучени 100 војници и 30 полицајци, како и полициски хеликопотер и два армиски хеликоптери.

Тој додаде дека на падините на планината Серта утрово има три активни пожари кои започнаа од еден ист пожар, но сега се одвоени. Првиот е во општината Неготино во атарот на с.Калањево, додека вториот е во Општина Конче, во близина на селата Горни и Долни Липовиќ. Третиот пожар е во општината Штип меѓу селата Драгоево и Селце.

За само еден ден опожарени се над 100 хектари ниско стеблеста и дамова шума како и дел од боровата шума на планината Серта меѓу штипските села Селце и Драгоево. Ова за новинската агенција Миа го изјави командирот на Територијалната противпожарна единица од Штип, Благој Ренџов.

Тој посочува дека пожарот оди во правец на воениот полигон Криволак.

Слични содржини