26
Огнените јазици одат во атарот на штипското село Пиперово на планината Серта, ова е ново жариште и линијатата на огнот на оваа планина се зголемува, вели градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, за МИА.
Јорданов посочува дека попладнево пожарникарите и вработените во останатите институции кои се анагажирани во гаснењето на пожарот се во тој дел на планината.
Тој најави дека и вечерва ќе биде свикан кризниот штаб и мобилизација на луѓе и машини кои ќе го спречат огнот да влезе во селото Пиперово.
Утринава во штипскиот дел се гасеше и од воздух. Но, македонските и турските ер трактори, како и хрватскиот канадер заминаа на други пожари во земјава.