Пожарот на Скопска Црна Гора се шири и зафати цел обрач

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Голем шумски пожар ја зафати Скопска Црна Гора, а во моментов пожарот добива на инензитет .Екипи на скопката противпожарната бригада се на терен, но не можат да се справат со пожарот и ветрот. Очигледна е потребата за гасење од воздух.

 „Поголема шумска површина гори од попладнето ,  и вечерва како да добива на интензитет на ветровитата Скопска Црна Гора. Со голо око од Скопје и околината може да се види цел огнен прстен  и како пламените јазици се шират по сртот на планината.

Станува збор  за место над селата Булачани и Раштак,“ изјавија од противпожарната бригада, кои очигледно иако цело попладне се на терен  не успеаја да го совладаат пожарот.Засега нема реакција на кризниот штаб и ангажирање на гаснење од воздух. Веројатно заради викенд на функционерите.

Чад од запалената површина може да се забележи и од некои делови на Скопје. и подножјето на планината.