Пожарот над Пехчево ставен под контрола

од Nikola Popovski
82 прегледи

Пожарот што избувна вчера над градот Пехчево, е ставен под контрола, а за негово целосно гаснење утрово вклучени се и три хеликоптери, изјави градоначалникот на Пехчево Александар Китански. Тој нагласи дека напорите за справување со огнената стихија траеле и во текот на ноќта, целата ноќ имало дежурни екипи на терен, а состанок одржал и Кризниот штаб при што постигната е координација за денешните активности на терен.

Во гасењето на пожарот вклучени се и луѓе доброволци од повеќе градови како и од месното население. Проценува дека има над 150 луѓе кои се на терен, а помагаат и од неколку доброволни друштва. Очекуваат помош и од специјалните сили од Скопје, а апелираат на помош и од граѓаните од околните населени места.

Поради алармантната состојба со пожарот во околината на Пехчево, од синоќа е отворен пункт за донирање вода и храна за пожарникарите кои учествуваат во гаснењето на пожарот. Пунктот се наоѓа во Домот на културата во Пехчево, а апелот на надлежните е сите коишто се во можност можат да донираат, се со цел да им се даде поддршка на учесниците во неговото гаснење.

Слични содржини