Пожарот проголта 88 згради северно од Сан Франциско (ВИДЕО)

од desk2
87 прегледи

Илјадници жители се евакуирани за да се спасат од најголемиот пожар во последните десет години , што го зафати северниот планински регион на Калифорнија.

Пожарот е наречен Мендосино комплекс и зафаќа до сега 63 700 хектари , речиси половина Лос Анџелес. 88 објекти изгореа во областа на 150 километри северно од Сан Франциско.

Овој пожар е поголем од пожарот наречен ,,Кар” , кој што беснее на 160 километри североисточно и кој е еден од 17 – те големи пожари во регионот. Поради високите температури и силните ветришта , овие пожари би можеле да бидат покатастрофални и од оние во 2008 година.

https://www.youtube.com/watch?v=0FoCi_2Fi6g

До сега во пожарите што беснеат цела недела , загинаа четворица пожарникари.