Пожарот во автобусот на ЈСП е најверојатно поради запалена инсталација

од Nikola Popovski
57 прегледи

Директорот на ЈСП „Скопје“ Драги Кушовски информира дека пожарот што попладнево избувна во еден од автобусите е најверојатно поради запалена инсталација.

Тој истакнал дека автобусот бил паркиран под Железничката станица на местата каде што паркираат останатите автобуси од претрпијатието и дека во него немало патници.

Извршен е увид.

Според првичните информации, пожарот почнал да се шири од задниот дел кај моторот, по што веднаш била повикана противпожарна бригада, која спречила проширување.

Ваквиот немил настан доаѓа краток период откако друг автобус на ЈСП со број 2 заврши во бетонските жардиниери во близина на ТЦ „Мавровка“. Тогаш дојде обвинување од возачот дека воланот му се закочил и не можел да го исконтролира автобусот.

Освен недостаток на возачи во ЈСП, имаше и доцнење на автобусите, па имаа проблем со платите, за сега да повторно да имаат проблем и со приватните превозници кон кои ЈСП должи милиони денари.

Слични содржини