Пожарот во Њујорк во кој загинаа 12 луѓе предизвикан од дете што си играло

од desk2
132 прегледи

 

Истражувачите од Њујорк сметаат дека пожарот, во кој загинаа 12 луѓе, вклучително и четири деца, го предизвикало дете кое си играло со шпоретот.

Тригодишното дете без надзор ненамерно го почнал пожарот, вели пожарникарот Даниел Нигро.

Кога мајката на детето побегнала од станот, ја оставила отворена вратата, поради што пожарот влегол на скалите.

Потоа скалите послужиле како оџак, поради што огнот брзо се ширел, и се качувал нагоре.

Овој пожар, што се случи во четврток навечер, е најсмртоносен во последните 25 години, вели градоначалникот Бил де Бласио.

Најмалку 20 лица се спасени од пожарните скали, додека уште 12 лица се изведени од зградата.

Повеќе од 170 пожарникари го гасеа пожарот на температури под нулата.