Пожарот во Пехчево се доближува до куќите, апел до граѓаните да не одат самоиницијативно да го гасат

од Nikola Popovski
115 прегледи

Кризниот штаб на општина Пехчево утрово испрати апел до сите граѓани кои сакаат да помогнат во справување со пожарите, тоа да не го прават самоиницијативно.

-Сите доброволци ги замолуваме да дојдат на збирното место кое е на плоштадот во Пехчево. Само така организирано ќе се оди кон пожарот, стои во пораката, објавена од страна на градоначалникот.

Оттаму додаваат дека пунктот за донирање на храна и вода е во просториите на Домот на културата во Пехчево и истиот е отворен во 7 часот.

Во раните утрински часови ТППЕ Струмица испрати едно ПП возило и тим од пожарникари-спасители да помогнат во гаснењето на огромната огнена стихија која се заканува да ги зафати првите куќи во Пехчево. По пристигнувањето веднаш ќе се вклучат во борбата со оганот заедно со своите колеги од повеќе градови.

Покрај овој, сериозен пожар има и кај Куманово, како и кај кратовското село Татомир каде огнот се приближил до куќите и се прават напори селото да се одбрани од пожарот. Пожари беснеат и кај Свети Николе, како и на територија на Општина Македонски Брод каде гори со денови.

Слични содржини