Позицијата на Софија за Скопје е исто така и европска, рекол бугарскиот технички премиер од Брисел

од Nikola Popovski
98 прегледи

Очекувам дека ќе се испочитуваат договорите. Ќе ги потсетам европските колеги кои обврски беа веќе прифатени на 18 јули 2022 година и какви се патоказите за прием на РСМ во ЕУ. Во декември 2023 година, фокусот беше ставен и на уставните измени во земјата, изјавил техничкиот премиер на Бугарија, Димитар Главчев од Брисел, каде што во наредните два дена ќе учествува на редовниот Самит на ЕУ.

Главчев се осврнал на последните изјави на премиерот Христијан Мицкоски во однос на уставните измени.

-Неодамна видовме изјави од владини челници во РСМ дека такви промени нема да се спроведат. Затоа ќе ги информирам колегите од Европскиот совет какво е расположението и да се потсетиме што досега беше усвоено во однос на ова прашање, истакнал бугарскиот технички премиер.

Додал дека „важно е да покажеме каква е бугарската позиција, која впрочем е и европска“.

Запрашан дали Бугарија разговарала со Грција за преземање на некакви заеднички акции, бугарскиот премиер изјави дека засега не станало збор за нешто такво, но дека тоа не е исклучено во иднина.

-Со оглед на тоа што претседателот Румен Радев ќе учествува на самитот на НАТО во Вашингтон, тој ќе ја предводи нашата делегација, кажал Главчев, пренесуваат бугарските медиуми за самитот кој треба да се одржи наредниот месец, на кој ќе присуствува и македонска делегација предводена од премиерот Мицкоски.

Слични содржини