270
Скоро имаше податок за годишна инфлација од април до април, која изнесуваше од 10,5%. Тоа беше загрижувачки податок, но денешните податоци дека очекувањата за инфлацијата нема да надмине двоцифрена бројка се позитивен сигнал, вели директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.
Сепак тој посочува дека треба да се опуштиме и да кажеме дека е готова работата.
-Не е бројка за која треба да очајуваме, но треба да ја задржиме. Треба да го продолжиме сето она на што бевме ангажирани во изминатиот период за овие 8,8% да ги задржиме, со цел да одиме надолу, рече Деспотовски во емисијата „24 анализа“.