Позитивната клима во училиштето придонесува за академските достигнувања на децата и ги подобрува резултатите на ученикот со понизок социоекономски статус, покажува новото истражување на Американската асоцијација за образовни истражувања.

Сеопфатна анализа на истражувања во областа на образованието, објавена од 2000 г година, помогна на американски и израелски истражувачи да најдат значајни докази за директна врска помеѓу позитивната клима во училиштето и успесите на децата. Според нив благопријатната со која располага училишната средина би можела да ги отстрани јазот помеѓу успешност на деца од различни социоекономски нивоа и меѓу деца со поголеми и помали академски способности.
Најопшто кажано позитивната училишна клима се карактеризира со грижлив пристап од страна на наставниците, чувство за безбедност од насилство и малтретирање, учество на родителатво и создавање на блискост меѓу децата. “Нашата анализа опфаќа 15-годишен период и покажува дека училиштето навистина е важно и може да игра витална улога во подобрувањето на резултатите на децата во образованието”, коментира коавторот на студијата Рон Ави Асторија, професор по општествени науки и образование на Универзитетот на Северна Калифорнија.
“Нашите откритија докажуваат уште дека преку обезбедување на позитивна атмосфера училиштата ќе постигнат еднакви можности за образование, ќе ги намалат нееднаквостите во социоекономски аспект и ќе постигнат поголема социјална мобилност. “Предиспонирачка атмосфера во образовните институции има и потенцијал да го прекине негативните влијанија кои произлегуваат од лошото социо-економско ниво и да ги омекне ризичните фактори кои ги загрозуваат академски достигнувања”, вели раководителот на истражувањето од израелска страна Рут Берковица, асистент-професор по социјална работа на Универзитетот во Хаифа, Израел.
За да стигнат до заклучоци, Берковица, Асторија, Хадас Мур од Универзитетот на Јужна Калифорнија и Рами Банбеништу анализирале 78 истражувања спроведени помеѓу 2000 и 2015 година, кои биле фокусирани на врската помеѓу климата во училиштето или училница, академските постигнувања и социо-економскиот статус на децата