Германското Министерство за финансии ги повика грчкиот парламент да се согласи со најновите планови за реформи на Атина, предупредувајќи дека утрешниот круг преговори се уште се “широко отворени”.
“Тоа би било прв чекор кон воведување на законодавство за плановите за реформи”, изјави Мартин Јегер, портпаролот на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, цитиран од ДПА. Грчките планови се разгледуваат “со полна брзина”, рече Џегер, кој исклучува варијанти за “мост заем” за Грција.
Каква и да била помош, вклучувајќи “мост кредит”, е можна само при постоење на договор за трета макрофинансиска програма, соопшти денеска европски извор.
Истовремено канцеларијата на канцеларката Ангела Меркел најави дека нема да ја коментира содржината на предлозите, додека не биде направена проценка од релевантните институции.
Берлин гледа “многу малку поле за акција” за реструктуирање на колосалниот грчки долг, што е основно барање на Атина, и е против сè што би ја намалила значително вредноста на долгот, истакна Мартин Јегер.
Програмата за реформи на грчката Влада е сериозна и заслужува доверба, коментира францускиот претседател Франсоа Оланд. “Владата на Грција го претстави планот за реформи во согласност со одлуката на средбата на Еврогрупата”, рече тој. На овој начин Грција покажа стремеж да остане во еврозоната, додаде Оланд. Според него, сепак уште ништо не е факт, дополнува АФП.
Италијанскиот премиер Матео Рензо коментира дека се надева дека ќе биде постигнат договор за Грција уште утре,11 јули, на средбата на Еврогрупата. Се надевам дека нема да се сретнеме повторно во неделата, 12 јули, или со други зборови сакам да кажам дека договор за Грција може да биде постигнат уште во саботата од министрите за финансии од еврозоната, рече Рензо.
Денес сум настроен поголем оптимист. Работиме така што одлуката на грчкиот проблем да биде постигнат пред неделата. Треба да ја спасиме Грција со помош на грчката влада, бидејќи поинаку тоа е невозможно, додаде италијанскиот премиер.
Претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум денеска изјави дека групата може да донесе клучно решение кога ќе се соберат на вонредна средба во неделата
Дејселблум зборувашр пред седницата на холандската влада и не сакаше да влезе во детали, додавајќи само дека најновиот документ е сеопфатен. Во недела по грчкиот предлог се собираат и лидерите од ЕУ.
Во белгискиот главен град ќе биде донесена одлука дали Грција може да се надева на нова помош или дали излегувањето од еврозоната ќе стане неизбежна.
Експерти предупредуваат дека враќање кон драхмата би ги довршило целосно. Сопственик на берберница во близина на плоштадот “Омонија” во центарот на Атина вели пред ДПА дека луѓето веќе немаат пари и економијата е уништена. Жали што неговите клиенти се намалени за 40%.
Сопственик на продавница за детергенти раскажува за истиот проблем. Неговите клиенти се веќе под половината. Според него “само Бог знае како ќе заврши оваа криза”.
