„Позитивно гледа на мојот предлог“: Ердоган предложи средба со Путин и Асад

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му предложи на рускиот колега Владимир Путин трилатерална средба со сирискиот претседател Башар ал Асад, пренесува ТАСС.

„Претседателот Путин позитивно гледа на мојот предлог. Ќе започнеме серија преговори“, изјави Ердоган пред новинарите.

Според турската телевизија Хабертурк, Ердоган предложил создавање механизам за подобрување на односите меѓу Анкара и Дамаск.

„Прво би можеле да се сретнат нашите разузнавачки служби, потоа министрите за одбрана, по нив шефовите на дипломатиите на сите три земји, по што ние како лидери би можеле да се сретнеме“, рече Ердоган.

Претходно оваа недела, Ердоган разговараше со Путин за проширување на договорот за извоз на жито преку Црното Море, а Турција, заедно со ОН, посредуваше во преговорите меѓу Русија и Украина претходно оваа година.

Слични содржини