Познат фудбалер под истрага, ѝ го скинал увото на вереницата која подоцна си го одзеде животот

од Stefanija Kuzmanovska
437 прегледи

Џером Боатенг, германски репрезентативец, е предмет на истрага на локалното обвинителство откако по само осум дена по јавното раскинување со него – на 9 февруари, неговата поранешна свршеница Касија Ленхарт беше пронајдена мртва.

25-годишната девојка си го одзеде животот додека Боатенг беше со Баерн во Катар, а против фудбалерот започна истрага затоа што обвинителството доби „нови информации за насилство во нивната врска“.

Имено, во октомври 2019 година, канцеларијата на јавниот обвинител во Минхен започна, па потоа и ја „затвори“ истрагата во врска со обвинувањата дека 32-годишниот играч ѝ ја скинал школката на увото на својата тогашна девојка.

Фотографиите од тие повреди беа споделени и на Интернет, но во јуни 2020 година, обвинителите го прекинаа гонењето. Сега, Ана Леидинг од споменатото обвинителство изјави дека истрагата продолжува:

„Истражните постапки продолжија на 10 февруари затоа што добивме нови информации, како дел од истрагата за околностите на смртта во Берлин, што може да биде показател дека насилството продолжило. Истрагата сè уште трае“, рече таа, пренесува „Билд“.

Германскиот весник откри дека Касија доживеала сообраќајна несреќа во „Минито“ на фудбалерот на 5 јануари, по што автомобилот бил „отпишан“, а кога неодамна се разделиле, Џером навел дека е „време е да се повлече граница“ и јавно „им се извини на сите кои ги повредил“, вклучувајќи ја и неговата претходна девојка Ребека и нивните деца.

Касија, родена во Полска, која го истетовира „Џером“ на своето тело за време на врската со фудбалерот на Баерн, јавно одговорила дека ја раскинала врската бидејќи Џером е „полн со лаги и постојано ја изневерува“.

Нејзината последна објава на Инстаграм, заедно со фотографија, ги содржеше зборовите: „Овде се повлекува границата. Доста е“.

Таа јавно го обвини Боатенг дека е „ѓавол“ и вети дека ќе „проговори“ и „ќе го возврати ударот“, додека Боатенг за „Билд“ изјави дека Касија му ја „уништила“ претходната врска и го уценила.

„Касија стана моја девојка со тоа што ми ја уништи врската со поранешната девојка Ребека, ми ја уништи врската со семејството и ме уценуваше. Затоа решив да останам со неа и да се обидам да создадам нешто од таа врска“, истакна тој .

Аутопсијата на Институтот за судска медицина во Берлин не покажа дека некој друг учествувал во смртта на Касија Ленхард.

Таа беше пронајдена мртва точно на шестиот роденден на нејзиниот син Ноа, кого го доби во претходна врска, пред да го запознае Боатенг.

Слични содржини