Познат германски фудбалер споделувал детска порнографија, судот го прогласи за виновен

од Nikola Popovski
322 прегледи

Криштоф Мецелдер, поранешниот германски фудбалер, призна дека споделувал видеа од детска порнографија на Интернет.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и германската репрезентација откри дека споделил вкупно 18 датотеки на Интернет што содржеле детска порнографија.

„Целот живот ќе чувствувам вина за штетата што му ја направив на општеството“, рекол Мецелдер.

40-годишниот Германец делумно ја призна вината откако слушна дека е покрената тужба против него, велејќи дека „им се извинува на жртвите на сексуално злоставување“.

Обвинителството покрена постапка против него, наведувајќи дека тој споделил вкупно 300 спорни датотеки, иако се изјаснил за виновен за само 18.

Судот во Дизелдорф, како што пренесуваат медиумите, размислува за условна казна од десет до 12 месеци.

Мецелдер првпат се појави пред Судот во четвртокот, а една од дискутираните точки била поврзана со август 2019 година и споделувањето на видео во кое десетгодишно девојче било злоставувано во текот на неколку последователни дена.

Како се наведува, тој правел скрин-шотови од разни болни страници достапни на Интернет и ги испраќал до луѓе преку пораки.

„Во овие разговори зборував за моите екстремни фантазии, а исто така стануваше збор и за некои работи што не можам да ги кажам во моментов“, додал Мецелдер.

На почетокот на судењето, адвокатите на поранешниот германски фудбалер се осврнале на беспрекорната професионална кариера на Мецелдер, неговата работа во разни социјални проекти и бројните награди што ги добил на теренот и надвор од него.

Покрај мадридски Реал, Мецелдер играше и за Мунстер, Борусија Дортмунд, Шалке и Халтерн, додека 47 пати настапи за репрезентацијата на неговата земја.

Слични содржини