Хрватскиот актер Горан Богдан ќе се претстави пред публиката во најновиот филм „Faraway“ кој ќе се емитува на платформата Нетфликс.
Следниот месец на Нетфликс ќе излезе продукцијата насловена „Faraway“, во која главната машка улога ја толкува Горан Богдан.
Станува збор за романтична комедија снимена на Брач и Шолта, а Горан Богдан ја толкува улогата на Јосип.
Заплетот на филмот ја следи Зејнеп (Наоми Краус), жена која ја изгубила својата мајка и не е задоволна со својот живот. Таа го напушта Минхен и бега на остров во Хрватска.
Во една сцена Богдан е целосно гол, што може да се види во трејлерот.