Познат идентитетот на загинатите момчиња во сообраќајката кај Куманово

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Трите момчиња кои загинаа вчера попладне во сообраќајната несреќа во Куманово се на возраст од 17 и 18 години. Од СВР-Куманово соопштија дека во несреќата загинале Ваљон М. (17) од Куманово, Егзон Ш. (17) од Куманово и Исуф А. (18) од Липково, објавиПрес24.

цистерна1-540x258Во автомобилот имало четири лица од кои двајцата починале на местото на несреќата, а едниот на пат кон болницата. Четвриот патник е во кумановската болница. Има повреди и скршеници по целото тело.

Сообраќајната несреќа се случи вчера околу 17 часот, кај „Дедин Мост“ во близина на бензинската пумпа „Мак Петрол“, кога возачот на автомобил марка „БМВ“ со кумановски регистарски таблички што се движел од село Бедиње кон центарот на Куманово, додека бил на мост, изгубил контрола над возилото и излетал на автопатот. Автомобилот кога излетал од мостот, слетувал директно пред цистерна која се движела по автопатот. За да избегне удар, возачот свртел нагло, по што цистерната се превртела и застанала на спротивната страна.

Возачот на цистерната, М.Т. (45) од Куманово поминал со лесни телесни повреди.