Летонскиот репрезентативец Јанис Тима извршил самоубиство. Познатиот кошаркар на клубови од Евролигата е пронајден мртов во хостел во Москва, а покрај неговото тело била оставена кратка порака.
Само два збора: „Повикајте ја Ана“.
Од полицијата известуваат дека се работи за самоубиство и дека нема елемент на кривично дело.
Очигледно не можел да го преболи разводот од сопругата, па се претпоставува дека тоа е причината за да си го одземе животот.
Тима неодамна се разделил со украинската пејачка Ана Седакова.
„Го најдоа во хостел. До него е пронајден телефон и порака на екранот: „Повикајте ја Ана“, заедно со нејзиниот телефонски број. Изврши самоубиство поради развод“, се наведува во извештајот на „РЕН ТВ“.
Навивачите го паметат од периодот кога настапуваше за Химки, но претходно и за Олимпијакос и Басконија.
Летонецот извесно време бил на „мрачно место“ бидејќи на социјалните мрежи, меѓу другото, пишувал тажни пораки дека „љубовта се заменила за пари“ и дека повеќе не сака да живее.