Познат мотивот за двојното убиство во Гевгелија

од Nikola Popovski
328 прегледи

Мотивот за двојното убиство кое се случи синоќа во Гевгелија се нарушени меѓусебни односи на двајцата браќа, информираат од ОЈО Гевгелија. Се додава дека всушност станало збор за банална расправија во врска со работи на заедничката куќа.

Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија извршил увид на местото на убиството, а обвинителот ја очекува кривичната пријава во текот на денот.

Шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија се сомничи дека вчера вечерта ги усмртил брата си Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62).

Од СВР Струмица информирале дека синоќа околу 19 часот полициски службеници го лишиле од слобода В.Г. кој пред влез од куќа во Гевгелија со пиштол пукал кон неговиот брат и снаа, кои починале на местото на настанот.

Смртта кај сопружниците ја констатирал лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија, а лицето е задржано во Полициската станица во Гевгелија и од него било одземено оружјето со кое го извршил убиството.

Слични содржини