Војната во Украина полека го завршува првиот месец, ситуацијата не изгледа дека ќе се смири во блиска иднина, а навивачкиот свет претрпе голема загуба.
Како што потврдија од Манчестер Јунајтед, еден од познатите навивачи на овој клуб од Украина и основач на фан клубот од Киев, Александар Кукин загинал кога руски војници отвориле оган врз возилото во кое бил тој со сопругата и ќерката.
-Манчестер Јунајтед е крајно тажен по веста за смртта на еден од основачите на нашиот фан клуб во Киев. Неговата смрт беше потврдена на 21 март. Неговата сопруга и ќерката беа повредени во нападот и се оперирани, наведено е на официјалната веб-страница на Манчестер Јунајтед.
The United family joins our #KyivReds in mourning the sad loss of Aleksander Kukin.
May he rest in peace ❤
— Manchester United (@ManUtd) March 21, 2022
-Кукин беше еден од најзаслужните луѓе за создавањето и развојот на фан клубот од Олд Трафорд во 2002 година. Во меѓувреме се повлече поради семејството, но сакаше одвреме-навреме да доаѓа и да ужива во познатото друштво. Пред две недели тој се обиде да го одведе семејството на безбедно кога било пукано врз неговиот автомобил. Неговата сопруга и ќерка се ранети, префрлени во болница и се опоравуваат, но Саша не успеа да се опорави, се вели во соопштението на „Црвените“ од Киев.
Oleksandr Kukin, one of the founders of Kyiv Reds, has been killed by Russian invaders. His wife and child also shot and injured as they tried to escape. Sickening. pic.twitter.com/2215mDNwUb
— Duncan Drasdo (@Drasdo) March 21, 2022