Манекенката Ирина Шајк (37) и еден од најдобрите американски фудбалери во историјата Том Брејди (46) повеќе не се заедно. Врската на славната двојка на тој начин заврши набргу откако започна.
Според TMZ, немало скандали, а не се ни виделе последните недели бидејќи таа е во Њујорк, а тој во Мајами.
Многумина погодија дека врската е завршена кога на социјалните мрежи објави фотографија од своето поранешно момче, актерот Бредли Купер.
„Брејди не е заинтересиран за сериозна врска во моментов. Приоритет му се децата и работата“, тврдат изворите и додаваат: „Во иднината на Том ќе има уште супермодели“.
Инаку, Ирина кон средината на јули беше снимена како разменува нежности со Брејди, а американските медиуми објавија дека заедно ја поминале ноќта во Лос Анџелес. Сведок изјави за Дејли Мејл дека Брејди ја собрал својата придружничка од хотелот во петокот попладне и ја однел дома. Тие ја напуштиле неговата вила следното утро во 9:30 часот, а потоа спортистот ја вратил манекенката назад во хотелот.
Во двата наврати носела иста облека.
Да потсетиме, минатиот октомври Брејди се разведе од манекенката Жизел Бундхен (42) по 13 години брак. „Тешко е затоа што замислувате дека животот ви оди во одредена насока и сте направиле се што сте можеле“, изјави таа за магазинот Vanity Fair.
Бундхен исто така ги демантираше шпекулациите зошто бракот завршил. Таа ги опиша гласините дека раскинувањето дошло откако Брејди се вратил во НФЛ, и покрај тоа што претходно го најави своето пензионирање, како „најболното и најлудото нешто“ што некогаш го слушнала.
„Она што беше кажано е едно мало парче од многу поголема загатка. Тоа не е навистина црно-бело“, изјави таа за Vanity Fair.