Познат полот на првото дете на Надал

од Stefanija Kuzmanovska
377 прегледи

Откако неодамна се расплака поради својот колега Роџер Федерер, Рафаел Надал сега има причина за славење.

Шпанскиот тенисер и неговата сопруга Мери Перело го очекуваат своето прво дете по 17 години брак. За шпанскиот магазин „Hola“ откриле дека чекаат момче.

Истиот магазин ја објави веста за бременоста во јуни, по неколкунеделни гласини дека љубовта на Надал од детството е бремена, кога таа беше видена во јавноста во широка облека.

Во неделата, Надал ја потврди веста на прес-конференција одржана во Мајорка.

Познатиот пар се венча во октомври 2019 година на Мајорка, а наскоро ќе пристигне и круната на нивната љубов.

Слични содржини