Познат претприемач и инвеститор: Овој милијардер им го отстапи својот имот на Меган и Хари

од Elena Daskalova
378 прегледи

Иако Меган и Хари не откриваат многу информации за нивниот иден престој во Канада, јавноста веќе знае дека руски милијардер им отстапил свој имот за користење.

Се работи за истиот Русин кој им ја изнајми својата луксузна вила за божикните празници, Јуриј Борисович Милнер.

Милнер е руски претприемач, интернет гуру и физичар. Тој е највлијателен руски технолошки инвеститор. Тој е ко-основач и поранешен претседател на компанијата Mail.ru Group и основаш на инвестициската компанија DST Global. Милнер преку DST Global е и инвеститор во компаниите Facebook, Zynga, Twitter, Spotify, Groupon, Alibaba, Airbnb, WhatsApp и многу други.

Првите 200 милиони долари кои ги вложил во Фејсбук ги има претворено во 4 милијарди добивка за неговиот фонд.

Куќата, односно прекрасната вила во која во прво време ќе престојуваат Меган и Хари, заедно со синот Арчи, има 8 спални соби и вреди 14 милиони долари. Бизнисменот ја купил оваа вила во 2012 година.

Слични содржини