Еден од најпопуларните романи со критика кон тоталитаризмот “Животинска фарма” (Animal Farm) ќе најде нов живот во дигиталниот свет во форма на видео игра. Романот е на британскиот писател Џорџ Орвел, кој излезе во далечната 1945 година, најпрво како критика на управувањето на Сталин во СССР, а подоцна искористен како алегорија за редица други диктаторски режими во светот.
Сега независен тим од програмери и дизајнери работат на нова видео игра базирана на книгата, која ќе им овозможи на гејмерите да се претворат во жителите на злобна фарма и да се втурнат во настаните од романот кои доведоа до револуција на животните, предводени од свињите. Адаптацијата сепак ќе им обезбеди можност да играме и во име на земјоделецот Џонс и останатите жртви на настаните. “Особено важно за читателите и гејмерите е да можат да се идентификуваат како со угнетувачите, така и со угнетените” – рече Имре Жиле, еден од програмерите. Екипата вклучува специјалисти, кои работеле на проекти како “Fable”, “The Witcher 3” и “Gambitious”, но сите се обединети во интересот кон романот на Џорџ Орвел и желбата да го направат достапен за младата публика.
97