Познат руски готвач и голем критичар на Путин пронајден мртов во Белград

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Познатиот руски ТВ-готвач Алексеј Зимин (52), кој отворено се спротивстави на војната во Украина, а потоа живееше во егзил во Лондон, е пронајден мртов во Белград, пренесе српска „Нова“.

Според првите информации, утрово во Белград сопственикот на станот го пронашол телото на својот станар, наводно со тешки повреди на главата. Бидејќи закупецот не се јавувал со недели, сопственикот решил да го посети, па на подот пронашол тело. Медиумите велат дека тој е државјанин на Велика Британија.

Засега не е позната причината за смртта, но телото е испратено на обдукција и токсиколошка анализа.

Сепак, според пишувањата на британските медиуми, телото на мажот, кој е државјанин на Русија, било пронајдено во хотелска соба, а не во стан, како што првично објавија српските медиуми.

„Русинот Зимин, кој утрово беше пронајден мртов, бил сопственик на ресторанот „Зима“ во елитниот дел на Лондон – Сохо, а починал за време на престојот во Белград.

„Зимин не се вратил во Русија откако беше прогонет поради неговите критики кон рускиот претседател Владимир Путин и неговата одлука да го нападне Крим“, пишува британски Дејли Мејл.

Кој е Алексеј Зимин?

Зимин имаше неколку готвачки емисии во Русија. Неговиот познат ресторан во Лондон, во срцето на Сохо, на гурманите им нуди традиционална руска кујна со примеси на модерност, а неговиот „Зима клуб“ организираше бројни работилници, забави и други многу популарни „настани“ за Русите кои живеат во Британија.

Зимин зад себе ја остави сопругата Татјана Тања Долматовскаја, костимограф која работеше за руски „Вог“ и дипломираше на Лондонскиот универзитет за уметност, како и 17-годишната ќерка Варвара, пишува „Дејли Меил“.

Зимин некогаш беше главен уредник на руското издание на престижното машко списание GQ, како и на кулинарски магазин.

Слични содржини