Позната актерка имала само 12 години кога го бакнала Бред Пит на снимање: „Беше одвратно“

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата актерка Кирстен Данст зад себе има голем број забележителни улоги, а филмот „Интервју со вампирот“ се смета за пресвртница во нејзината кариера.

Иако пред тоа имаше снимено два филма, тука успеа да блесне и да биде забележана, а почнале да се појавуваат и други деловни понуди.

Во филмот „Интервју со вампирот“, тогаш дванаесетгодишната Кирстен играше рамо до рамо со Бред Пит и Том Круз, кои важеа за едни од најпосакуваните мажи во Холивуд.

Кирстен портретираше петгодишно девојче – вампирката Клаудија, која всушност била жена заробена во тело на дете. Една сцена бараше Данст да се бакне со Бред Пит, кој во тоа време имаше 31 година и беше на почетокот на својата актерска кариера.

Иако многу жени ѝ завидуваа поради тоа, Кирстен изјави дека бакнежот не ѝ оставил баш убав впечаток.

„Го сакам Бред, тој е толку добар… Само што беше малку чудно. Мислам, јас имав 12, а тој 31 и тој тогаш беше возрасен маж. Па, како би можела да уживам да го бакнувам?“, изјави актерката по снимањето и додаде:

 

„Го мразев тоа толку многу затоа што, не знам, Бред беше како мојот постар брат на снимањето и беше како да го бакнував брат ми. Морав да го бакнам во усни, па ми беше одвратно“.

Слични содржини