611
Актерката Тори Спелинг излегла од болница откако 5 дена била под надзор на лекари.
Имено, таа последен пат била видена во средата, кога била на снимање, а извори наведуваат дека изгледала целосно гламурозно, а никому не му е јасно што се случило.
Актерката ја напушти болницата во неделата во инвалидска количка, а пријател и медицинска сестра и помагале да стигне до нејзиниот автомобил.
Тори не можела сама да стане, а можат да се забележат модринки на нејзините раце и лицето.
Додека си заминувала, Тори ја прегрнала медицинската сестра, по што таа влегла во автомобилот.