Позната актерка на црвениот тепих прошетала во фустан од 40 долари (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
354 прегледи

Ева Лонгорија, која по 17-ти пат присуствуваше на Канскиот филмски фестивал, на еден од овие настани ги изненади сите со својот стајлинг.

Актерката тогаш за црвениот тепих избра елегантен светкав златен фустан кој ѝ го открива грбот.

Како што рекла Ева, оваа креација потекнува од бутик на авенијата Мелроуз, а присутните ја прашале кој е дизајнерот на фустанот.

Актерката тогаш откри дека носи фустан од 40 долари. На овој настан во 2005 година таа докажа дека не треба да трошите многу пари за да изгледате елегантно и отмено.

Како што навела актерката, никој не би знаел колку пари потрошила за изборот на фустан за црвениот тепих, па истакнала дека важна е жената која го носи, а не фустанот.

„Никој не би знаел дека тоа е фустан од 40 долари. Не е важен фустанот, туку жената која го носи фустанот“, потенцирала таа.

Слични содржини