Позната актерка се разведува по три години брак: Неочекуваната вест го изненади Холивуд

од Stefanija Kuzmanovska
442 прегледи

Познатата актерка Џоди Тарнер Смит по три години брак одлучи да се разведе од својот колега Џошуа Џексон.

Веста за разводот на популарната двојка го изненади Холивуд, со оглед на тоа што нивниот брак не беше проследен со никакви скандали.

Но, во документите како причина за крајот на нивната љубов било наведено дека меѓу нив имало непомирливи разлики.

Актерката одлучила да ангажира адвокат кој го бранеше и Кевин Костнер за време на неговиот развод, а како што пренесува TMZ, Џоди побарала заедничко старателство над ќерката Џун.

Слични содржини