ПРИНЦОТ Филип е малку подобро, а кралското семејство верува и се надева дека ќе се опорави хоспитализираниот војвода, изјавила денес неговата снаа Камила, војвотката од Корнвол.
Принцот Филип (99) е хоспитализиран од 6 февруари во болницата на кралот Едвард Седмиот во Лондон, каде се лекувал од инфекцијата, објави АП.
Во понеделникот, тој бил пренесен во специјализираната болница за кардиолошка нега на Свети Вартоломеј, со цел да се подложи на понатамошно лекување, заедно со тестирање и набљудување на претходно срцево заболување.
Камила соопштила дека принцот Филип е малку подобро но дека понекогаш чувствува болка.
„Ги држиме прстите прекрстени и се молиме“, рекла војвотката, која е во брак со принцот Чарлс, најстариот син на принцот Филип и кралицата Елизабета Втора.