Позната пејачка го купи најскапиот автомобил на светот

од Vladimir Zorba

Што да се купи на луѓето кои имаат се? Rolls-Royce го има одговорот…

Престижниот британски бренд произведе само три примероци од моделот Boat Tail, од кои секој беше персонализиран со тапацир и материјали за да одговараат на желбите на нивните сопственици.

Задниот капак се отвора како крило на пеперутка, а откако ќе се подигнат двата лизгачки делови, тие се навалуваат за 15 степени за лесно да се извади комплетот за пикник кој вклучува столчиња од јаглеродни влакна, чадор за сонце, прибор за јадење Christofle…

Секако, има и фрижидер за шишиња шампањ.

Под долгиот преден нос се крие познатиот 6,7-литарски твин-турбо V12 на Rolls-Royce со 571 КС. Развојот на автомобилот траеше четири години.

Иако Rolls-Royce ги крие имињата на своите клиенти, британските медиуми пренесуваат дека купувач на еден примерок е американската пејачка Бијонсе, која потрошила 28 милиони долари за новиот миленик на четири тркала.

Бијонсе и Џеј Зи не ги потврдија наводите, но познато е дека сопружниците уживаат во сопственото богатство и не жалат за потрошените пари.

На крајот на краиштата, колку се 28 милиони долари во споредба со нивното проценето богатство од 1,8 милијарди долари?

Слични содржини