Позната состојбата на работникот од Шип кој се здоби со тешки повреди во лифт

од Илинка Илиоска
527 прегледи

Стабилна е состојбата на 56 годишниот маж кој вчера попладне се здоби со тешки телесни повреди во лифтот во угостителски објект во Штип. Надлежните во Клиничка болница- Штип информираат дека е примен со скршеници на пршлените и е хоспитализиран на oдделението за ортопедија во штипската Клинничка болница. Неговиот колега, 71 годишниот пензиониран кувар им подлегна на повредите добиени при пад на лифтот, во кој биле работно ангажирани.

Од Државниот инспектор за труд информираа дека на местото е излезен трудов инспектор, по што е утврдено е дека двајцата работници биле хонорарно ангажирани. Починатиот бил кувар во пензија.

Од Обвинителството соопштија дека се обезбедуваат докази за расчистуваање на настанот, а стручно лице ќе направи техничко вештачење на лифтот. Како дошло до трагедијата се уште нема официјални информации. Телото на починатото лице е дадено на обдукција.

Слични содржини