Познатата радио водителка на Би-Би-Си, Лиза Шоу (44) почина во болница откако развила тромбоза по вакцинирањето против коронавирус, соопшти нејзиното семејство.
Семејството, според соопштението, ја обвинува вакцината „АстраЗенека“ со која Лиза била вакцинирана само 10 дена пред нејзината смрт.
Имено, Лиза добила сериозни главоболки една недела по вакцинирањето, а неколку дена после тоа сериозно се разболела. Минатиот петок починала во болница. Роднините потврдија дека таа се лекувала на интензивна нега поради згрутчување на крвта што го развила и поради крварење, пишува Би-Би-Си.
Таа работи за BBC Radio Newscastle од 2015 година и е позната како репортер за истата мрежа на северо-истокот на Велика Британија. Во изјавата дадена за Би-Би-Си, нејзиното семејство вели: “Ние сме уништени и во нашите животи сега постои дупка во форма на Лиза која никогаш не може да се пополни. Ние секогаш ќе ја сакаме и ќе ни недостасува засекогаш”.
Досега, во Велика Британија се пријавени 309 случаи на 33 милиони луѓе кои биле дадени на вакцината АстраЗенека. Наодите за Лизи сè уште не се целосни, така што никој не може со сигурност да каже дека вакцината е поврзана со нејзината смрт, но семејството е категорично во вината на вакцината против коронавирус.