Познатата актерка и нејзиниот сопруг одат во затвор поради сексуално злоставување малолетничка

од Stefanija Kuzmanovska
481 прегледи

Зара Фитијан, ѕвездата на филмот на Марвел „Доктор Стрејнџ“, е осудена на осум години затвор за сексуално злоставување на девојче на возраст од 13 до 15 години.

Сопругот на актерката, Виктор Марке, исто така е осуден на 14 години затвор за сексуално злоставување на истата жртва.

Фитијан се појави пред судот во Нотингем на сослушувањето на пресудата, откако беше прогласена за виновна за сексуално злоставување на девојката. Судијата Марк Вотсон, при изрекувањето на пресудата, им кажа на парот дека верува дека почетокот на злоупотребата на заедничката жртва бил испланиран.

-Ве сметам за движечка сила на злоупотребата. Јасно сте биле свесни за првиот инцидент, но сте се преправале дека спиете. Ова можело да биде само однапред договорена измама, истакна судијата Вотсон, додавајќи дека девијантноста на актерката била обликувано од влијанието што Марке го имал врз неа од порано.

Двојката, која почна да се забавува пред повеќе од 15 години, жестоко ги негираше обвинувањата. Тие беа осудени за 14 обвиненија за сексуална активност кога жртвата била во раните тинејџерски години.

Актерката и нејзиниот сопруг ја злоставувале девојката еднаш или двапати месечно во нивниот дом од 2005 до 2008 година, пренесува Daily Mail. Тие започнувале со давање пијалок на жртвата, а потоа играле предизвикувачки игри, откако жртвата била принудена да снима сексуален однос.

По изрекувањето на пресудата, членовите на семејството на Фитијан извикувале „Те сакаме Зара“, на што таа одговорила: „Невина сум, и јас ве сакам“.

Слични содржини