Познатата Росалинда доживеа незгода за време на видео во живо, ѝ испадна вештачката коса (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Актерката и пејачка Талија на домашната публика ѝ стана позната на почетокот на деведесеттите, кога се прослави со улогите во латино сериите.

Брзо стекна светска слава, а денес е во брак со 23 години постариот Томи Мотола, поранешен сопственик на компанијата „Сони“ и поранешен сопруг на пејачката Мараја Кери и со него има две деца.

Талија, која најмногу ја паметиме по улогите во сериите „Росалинда“, „Маримар“, „Марија Мерцедез“, „Марија од предградието“ и други, во меѓувреме приоритет ѝ стави на музичката кариера и помалку се занимава со актерство.

Како што коментираат многумина, таа изгледа подобро со годините, а многу е активна и на социјалните мрежи каде со своите следбеници споделува детали од приватниот и деловниот живот.

@thalia

Te querías lucir🥹

♬ OUT NOW Enzo Smooth Operator – Enzo

Така, додека снимаше видео во живо на TikTok, доживеа незгода, поради што нејзиното видео брзо стана вирално.

Имено, таа седела на стол и пеела, а во еден момент ѝ паднал вештачкиот реп. Талија брзо се фатила за косата и го прекина снимањето, но веќе беше доцна.

Слични содржини