Познати 15 играчи кои ќе играат за Бразил на СП 2018

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Селекторот на бразилската репрезентација Тите изјави дека знае 15 од фудбалерите кои ќе учествуваат на Мундијалот 2018. Ѕвездите, Тиаго Силва и Роберто Фирмино сигурно ќе бидат во составот на „Селесао“ за Светското првенство во Русија ова лето.

Во составот на петкратниот светски шампиони се уште напаѓачите Филипе Кутињо (Барселона), Нејмар (ПСЖ) и Габриел Жезус (Манчестер Сити). Останатите, кои сигурно ќе играат на светскиот шампионат, ако се здрави, се: Алисон, Жоао Миранда, Маркињос, Даниел Алвес, Паулињо, Ренато Аугусто и Каземиро.

Фернандињо од Манчестер Сити и Вилиан од Челзи исто така ќе бидат на Светското првенство 2018 година.

Бразил ќе игра со Костарика, Швајцарија и Србија во групата Е на Светското првенство.

Слични содржини